Бабите спасени – градбата стопирана – инвеститор бил газдата на фабриката за масло Брилијант


Повеќе од пет часа траела драмата со пискотници и лелекања на двете неподвижни баби кои биле заробени во урнатините на својот дом, откако ископината на градилиште спроти Клубот на пратеници во центарот на Скопје, предизвика уривање на дел од нивната зграда.

Градежниот општински инспектор денеска донесе и решение за прекин на градбата, јавува Плус Инфо.

C61328EF483C6844A89AEE747D3870FC– Во решението е посочено дека веднаш треба да се обезбеди околното земјиште и соседниот објект и да се усогласи градбата со одредбите од Законот за градење. Инспекторот секој ден ќе оди на ова градилиште и внимателно ќе го следи – велат од Општина Центар.

Од Општината велат дека инвеститор на објектот е „Брилијант ДООЕЛ Штип и други“, а одобрение за градба е издадено на 25 јануари годинава. Иако е законска обврска, на градилиштето нема поставено табла со информации што се гради и кој е инвеститор. Поради ова, од Општина Центар најавија глоба за инвеститорот.

plusinfo.mk / foto – Vecer

Куќа во Скопје пред рушење, во неа заробени 2 старици – соседот гради зграда и ги поткопал

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1