libertion napad
Четириесетгодишен маж облечен во зелена јакна и вооружен со пушка со скратена цевка, е лицето кое го бара француската полиција по вооружениот напад во весникот „Либерасион“.
Како што јавува агенцијата АФП еден фоторепортер бил погоден во градите и во стомакот и е во критична состојба. Инцидентот се случил околу 10 часот и 15 минути по локално време.Непознатиот маж кој пукал, по инцидентот избегал.Еден сведок се јавил во полиција со тврдење дека бил земен како заложеник во неговиот автомобил од страна на вооружено лице, кое го принудило да го префрли до Елисејските полиња.

Сличен инцидент се случи и минатиот петок кога вооружен маж упадна во редакцијата на телевизијата BFMTV и почнал да пука, дури и им се заканувал на новинарите, по што избегал.