Алди Ризал на двегодишна возраст беше меѓународна медиумска сензација откако јавноста дозна за неговата зависност од цигари. Овој Индонезиец дневно пушеше по 40 цигари, што беше шокантно и предизвика лавина негативни критики на сметка на родителите кои тоа му го дозволуваат.
За време на лекувањето, тим од психијатри ја посоветувале неговата мајка, Диане Ризал (28) и и помогнале нејзе и на сопругот Мохамед да го држат детето под контрола, а нивниот дом често го посетува и доктор Как Сето за да се осигури дали момчето добива соодветна грижа.
„Многумина се уште му нудат цигари на Алди, но тој ги одбива. Тој многу го сака неговиот доктор и не сака да го разочара“, вели неговата мајка.
Диане денес е загрижена за тежината на детето бидејќи откако престанал да пуши, тој почнал повеќе да јаде. На семејството сега му помагаат и нутриционисти кои ги советуваат како полека синот да го навикнат на здрава храна.
„Децата на негова возраст имаат меѓу 17 и 19 килограми, а Алди има 24“, вели нутриционистката Франсиска Деви.
Детето сега главно јаде свежо овошје и зеленчук и мали порции готвена храна, а лекарите сметаат дека треба да намали 5 килограми, неговата тежина мора да се држи под контрола.