Причината за смртта на првачето од Нови Сад, кое почина во петокот на час по физичко воспитување е срцев удар.
Во клиничкиот центар Војводина рекле дека ова го покажале резултатите од обдукцијата.
„Детето починало од природна смрт, причина е срцев удар“, кусо за српските медиуми изјавил од Клиничкиот центар Војводина.
На детенцето во петокот му се слошило на вториот час, а реанимацијата која траела час и половина лекарите единствено можеле да констатираат смрт.