Речиси четири години по трагичната смрт на актерката Британи Марфи во медиумите се појавија написи во кои се тврди дека таа не починала од природна смрт, туку дека била отруена со отров за глувци.
Новите информации доаѓаат по посебната истрага која ја иницираше таткото на актерката Анџело Бертолоти, а за која неодамна доби одобрение. Во неа е откриено дека во телото на актерката се пронајдени отрови кои најчесто ги има во отровот за разни типови глодари и тоа во количина која укажува на тоа дека станува збор за убиство, пишува Дејли меил.
Со оглед на тоа дека починал од исти симптоми, постои можност и нејзиниот сопруг да бил отруен. Него исто така го пронајде мајката на Бритни која се вселила во неговата куќа по смртта наактерката.