Sony Ericsson Open Day 11Актерката на 20 декември 2009 година беше пронајдена мртва од страна на нејзината мајка. Во извештајот по обдукција беше наведено дека причина за смртта е анемија и воспаление на белите дробови. Само пет месеци по овој настан, од слични симптоми почина и нејзиниот сопруг Симон Монџек.

Новите информации доаѓаат по посебната истрага која ја иницираше таткото на актерката Анџело Бертолоти, а за која неодамна доби одобрение. Во неа е откриено дека во телото на актерката се пронајдени отрови кои најчесто ги има во отровот за разни типови глодари и тоа во количина која укажува на тоа дека станува збор за убиство, пишува Дејли меил.

Со оглед на тоа дека починал од исти симптоми, постои можност и нејзиниот сопруг да бил отруен. Него исто така го пронајде мајката на Бритни која се вселила во неговата куќа по смртта наактерката.