Фирми на штрек – засилени контролите за пиратски софтвер на компјутерите


Во изминатиот месец Основните судови во Прилеп, Скопје и Тетово, покрај одземањето на средствата и опремата со кои се сторени кривичните дела, неовластена употреба на туѓ софтвер, досудија и оштетни побарување во денарска противвредност од над 10.000 евра. Координативното тело за интелектуална сопственост на Република Македонија и надлежните судови во ги засилија своите мерки во борбата против софтверската пиратерија.

piraterija_0_0_468X10000Нелегалниот софтвер претставува огромен ризик за потрошувачите. Фалсификуваните копии ги изложуваат корисниците на вируси кои можат брзо да заразат цели мрежи и заедници, а злонамерните софтвери да ги загрозат приватните податоци и да доведат до кражба на идентитет.

.Софтверската пиратерија предизвикува намалување на даноците и губење на работните места, делува дестимулативно на инвестициите, и генерално има длабоки негативни импликации за милиони луѓе низ целиот свет.

Координативното тело и органите на прогонот ги следат активностите на некои продавачи на компјутери кои не само што инсталираат нелегален софтвер на компјутерите кои се наоѓаат во нивните продавници и на компјутерите кои ги продаваат, туку ги информираат купувачите дека нивни вработени ќе дојдат во нивните домови со цел да им инсталираат нелегален софтвер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1