Сајтот ТheKitchn.com со совет за како да тестирате дали рерната рамномерно ви пече и како да откриете каде пече повеќе каде помалку. Се што ви треба е – рендан кокос!
Додека печела тепсија со рендан кокос, сфатила дека набљудувајќи ја неговата боја, можете лесно да ги одредите студените и прежешките точки во рерната. Кокосот потемнува за многу кратко време (добива кафена боја), па разликите во температурата се брзо и лесно воочливи. Се разбира, најтемната област ја претставува најжешката точка во рерната.