Подмочани жени: Неможноста во целост да се задржи урината се лечи – Кегелови вежби


Секоја петта жена по 40-тата година од животот пати од инконтиненција која најчесто се јавува како последица на слабост на мускулите на карличното дно.

podmocani zeni - urinarna inkontinencijaИнконтиненција е неспособност во целост да се контролира задржувањето на урината при кашлање, кивање, трчање, дигање на тешки предмети, брза промена на положбата на телото.

  • Преваленцата кај возрасни жени (од 25 до 55 години) е околу 20%. Секој втор пациент ги крие своите проблеми.
    • Преваленцата е 15% кај жени на 35, и 28% на 55 години.
  • По пензионирање околу 50% од жените и мажите страдаат од инконтиненција.

Најчеста причина за овој проблем е ослабеното карлично дно, кое кај жените се јавува поради вродена слабост на сврзното ткиво, поради бременост и раѓање, менопауза, прекумерна телесна тежина, или поради чести повторувани воспаленија на мочниот меур.

Кај стрес инконтиненцијата пелвичниот мускулатура може да е ослабена заради прекумерна телесна тежина (> 20% преголема тежина), бременост, породувања и тешка работа. Стрес инконтиненцијата може да биде предизвикана заради слабост на сврзно ткиво, астма или мускулни релаксанти како празосинот.

urinarna-inkontinencijaa-llОвој проблем најчесто се јавува како последица на слабост на мускулите на карличното дно, тој може да се ублажи со нивно зајакнување.

Доктор Арнолд Кегел уште во 1948 година прв ја предложил примената на вежбите за зајакнување на мускулите на карличниот под, со цел да се подобри нивната функција и тонус. Тоа се вежби на волно стегање и олабавување на мускулот, кој има важна улога во одржувањето на уретралниот притисок (musculus levator ani).

Комплетен упатник за жените со овој проблем , како да ги правите кегеловите вежби – на следниот линк – БабинЛек.ком

Кај мажите инконтиненцијата може да се јави како последица на хируршко отстранување на простатата (радикална простатектомија).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1