Двете бебиња биле женски и родени со царски рез. Двете мајки пак, ги имале имињата Људмила Дубаева и Људмила Трофимова. А бидејќи во руските болници породувањата се вршат како на подвижна лента, мајките заминале дома со туѓи бебиња.
Сепак, по извесно време, мајчинскиот инстинкт и ДНК тестови ја утврдиле вистината, која не била толку едноставна бидејќи двете мајки цели три месеци ги доеле бебињата и се поврзале со нив.
За да и стават крај на агонијата, мајките решиле, пред размената, да поминат некое време заедно со бебињата, во болничка соба, за да се запознаат со навиките на своите биолошки ќерки. Жените толку многу се зближиле што посакале да го задржат контактот и по излегување од болницата.
Шеф на породилиштето и уште еден вработен добиле откази поради грешката.