По грешка огромен авион слетал на мал аеродром и се заглавил (Видео)


Огромен товарен авион Боинг 747 останал со часови заглавен на аеродром во Вичита во Канзас, каде по грешка слетал во средата. Авионот требало да слета на авио-базата Меконел, но завршил на минијатурниот аеродром „Џејмс Џабара“, околу 19 километри одалечен од базата Меконел, јавува Си-ен-ен.

boing-747-drimlifter-1385065692-400793Сѐ уште не се знае причината поради која вионот слетал на помалиот аердором, но се претпоставува дека станува збор за грешка на пилотите.
Пистата на тој аеродром е долга 1.860 километри, додека за овој авион потребни се 2.800 метри за полетување.

Така со часови траеше неизвесноста дали авионот ќе успее да полета или ќе остане „заробен„ на аеродромот. Сепак авионот со многу консултации а и среќа успеал да полета од кратката писта и да се одглави од малиот аеродром. Видеото број 2 е од полетувањето.

Овој тип на авион е модификуван патнички авион „боинг 747-400„. тој може да носи повеќе товар од било кој друг товарен авион на светот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1