vulkanВулканот Синабунг на островот Суматра станал многу активен во последните месеци, исфрлајќи пепел и до неколку километри во висина.

Властите го прошириле радиусот на евакуација од три на пет километри, а војската е подготвена да помогне во евакуацијата на жителите.

Околу 6 илјади луѓе веке се евакуирани од областа, 88 километри од Медана, главен град на провинцијата Северна Суматра.

„Очекуваме дека ќе има дополнителни вулкански активности бидејќи ерупциите се засилуваат“, соопштуваат од индонезиската Агенција за вонредни состојби.

Синабунг е еден од околу 130 активни вулкани во Индонезија.