Киднаперите во затвор, но не кажаа каде е Ангел – нема ни траг од него, родителите бараат да се најде


Додека киднаперите на Ангел Стојанов од Велес ја одлежуваат затворската казна, неговите родители се уште трагаат по вистината – каде исчезна нивниот син. Таткото на Анѓел бара повторно да се обнови потрагата по него. И до сега се обидувал да ја убеди полицијата, но не успеал во тоа, објави ТВ Телма.

angel isceznatНадежта дека Анѓел е жив одамна исчезна, но неговата мајка сака виновниците да ја добијат вистинската казна бидејќи судот, не за убиство, туку за киднапирање осуди татко и син на по девет години затвор. Најмногу ја мачи неизвесноста и мистеријата поврзана со исчезнувањето на синот.
Пред судската зграда во Велес уште една мајка ја бара правдата за синот. Три години чека да бидат пронајдени убијците на 31 годишниот Блаже Стефанов. Поминаа три години откако беше изрешетен со 31 куршум додека се возеше во автомобил, но убијците не ги откри ниту полицијата ниту обвинителството вели таа.
И двата случаи се  се уште отворени и се води истрага за нив одговараат од велешката полиција, а сличен одговор имаат и од обвинителството. Кои се убијците на Стефанов се уште не се знае, но истрагата е отворена. Грабнувачите на Анѓел пак ги стигна казната и тие се во затвор, а по него потрагта продолжува велат од таму.
VELES_KIDNAPIRAN_STOJANOV

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1