Осумдневен притвор за тројца полицајци


zatvor kuman2

Тројца полицајци вработени во полициската станица на граничниот премин „Богородица“ завршија во осумдневен притвор откако нивните колеги откриле дека ограбиле 11 илегални емигранти кои претходно ги фатиле во Гевгелија.

МВР соопшти дека им одземале 300 евра и осум мобилни телефони. Емигрантите ги познале полицајците. Кривична пријава за злоупотребување на службената функција добија 40 годишниот К.П, 37 годишниот Р.М, двајцата од Прилеп, како и 28 годишниот Б.Ѓ од Гостивар.

Кај првиот биле пронајден 155 евра и три мобилни телефони, кај второосомничениот 30 евра и 3 мобилни, додека кај гостиварчанецот 10 евра и два телефона.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1