Ако сте жена и сакате да заштедите, префрлете се на козметичките производи кои се наменети за мажи, сугерира, д-р Сем Бантинг, истакнат британски дерматолог.
Таа ја анализирала цената и составот на одредени производи, како што се дезодоранси, пени за бричење, шампони, гелови за туширање и други препарати за хигиена и разубавување пишува „Дејли мејл”. Таа открила дека производите наменети за жени се и до 75 проценти поскапи од оние за мажи, а разликата е само од маркетинг аспект.
„Убавината се подразбира како женски идеал, па поради тоа жените повеќе размислуваат и трошат за убавина од мажите. Поради тоа, козметичките брендови наметнуваат повисоки цени за производите наменети за жени иако составот е многу сличен“, тврди д-р Баунтинг.
На пример, жилетот за бричење за жени со две острици е 20 отсто поскап од истиот брич со две острици наменет за мажи. „ Кожата на мажите и жените не се разликува толку многу колку што луѓето мислат. Разликата е во тоа што кожата на мажите е подебела, па може да поднесат и поагресивни препарати, но во основа поголем број од препаратите се исти“, истакнува Баунтинг.