Ќе плаќа казна од 140 долари дневно се додека не му направи сунет на синот – пресуди судот


Една жена од Израел мора да плаќа 140 долари дневно се додека не се согласи нејзиниот едногодишен син да го подложи на традиционалниот обред на обрежување, одлучи рабинскиот суд.

sunet– Детето по раѓањето имаше здравствени проблеми, така што не можевме да го обрежеме на осмиот ден, како што наложува традицијата, изјави за весникот „Хаарец“, мајката Елинор.

Таа додаде дека со текот на времето се информирала што се може да предизвика обрежувањето и одлучила својот син да не го подложи на овој зафат. Кон крајот на минатиот месец рабинскиот суд, кој е дел од израелското правосудство за случаите кои се однесуваат на религијата и склучување бракови и развод, пресудил дека мајката, која се разведува , мора да го подложи своето дете на обрежување најдоцна седум дена, откако тоа ќе го побара таткото на детето.

Според Елинор, нејзиниот сопруг исто така бил против обрежувањето, но го променил мислењето, кога почнала бракоразводната парница.

– Обрежувањето е стандардна процедура на која мора да биде подложено секое машко бебе и кога тоа ќе го побара еден од родителите, другиот тоа не може да го оспорува, освен доколку станува збор за медицински причини, се наведува во одлуката на рабинскиот суд.

– Јас немам право да го осакатувам својот син, а судот нема право на тоа да ме принудува, изјави мајката, која поднела жалба до повисок рабински суд, но жалбата не е усвоена.

Жената досега е должна повеќе од 700 долари, кои не може да ги исплати, бидејќи е невработена, а најави и жалба до Високиот суд на правдата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1