На гласање ќе оставаме и отпечаток од прст?


Граѓаните на изборите со гласачкото ливче ќе треба да оставаат отпечаток од прст за да се отстранат какви било манипулации при гласањето, се зголемува цензусот од 2 на 25 проценти од пријавени гласачи при избор на пратеник од дијаспората, поголемиот дел од Дебар од Шестата се префрла во Петтата изборна единица и во време на изборна кампања освен министрите и пратениците сега и градоначалниците не ќе смеат да сечат ленти или да поставуваат камен-темелници. Ова, како што дознава „Дневник“ од извори во Министерството за правда, се некои од новините на Изборниот законик подготвени од работната група при Министерството, по препорака на ОБСЕ и ОДИХР и Венецијанската комисија.

otpecatok prstСпоред најавите од Министерството, за драфт-верзијата на Изборниот законик уште утре министерот за правда Блерим Беџети ќе има состанок со претставници на четирите најголеми партии, на ОБСЕ и на ДИK во Kлубот на пратениците. Оттаму велат дека работната верзија на Изборниот законик за новите правила за спроведување на изборите веќе е доставена до партиите и пратеничките групи во Собранието.

Од Министерството велат дека дел од измените ќе биде и пилот-проектот на гласачите да им се зема отпечаток од прст при гласањето. Замислата е пилот-проектот првично да биде спроведен во две пилот-општини и тоа во два изборни циклуса без оглед за кои избори станува збор.

Во зависност од резултатите ќе се одлучи дали во третиот изборен циклус отпечатокот ќе стане составен дел од гласањето. Намерата е, како што вели нашиот соговорник, да нема ниту трошка сомневање во регуларноста при гласањето на изборите, односно дека со ова се отстранува можноста од манипулации од типот гласање за друг, групно гласање или едно лице да гласа повеќепати или на повеќе гласачки места. Ако ова стане дел од изборната регулатива, вели нашиот извор, Македонија ќе биде бенчмарк од земјите во регионот.

Повеќе на – Дневник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1