Еден морски орел ја зграпчил камерата поставена да сними крокодили во северозападна Австралија и направил фасцинантна снимка од својот лет долг 110 километри.
Во западниот дел на Австралија ренџерите забележале интересна случка поврзана со орел кој ја зграпчил камерата поставена на брегот покрај реката Маргарет.
Ренџерите ја поставиле камерата со надеж дека ќе направат добри снимки од секојдневниот живот на крокодилите што живеат во реката.
Но, наместо тоа ги чекало изненадување. Малечката камера исчезнала, а ренџерите мислеле дека е изгубена во водата.
Но, на оддалеченост од 100 километри тие ја пронашле и кога ја прегледале видео снимката, откриле дека всушност камерата била украдена од орел, пренесува австралиската телевизија ABC.