Човекот е настанат како мешавина од свиња и мајмун – тврди угледен генетичар


Човечката раса настанала како мешавина од мажјак свиња и женка шимпанзо – тврди Јуџин Мекарти од Универзитетот „Џорџија“, еден од најпознатите светски научници кои се занимаваат со хибриди.

svinja-simpanzaМекарти вели различните карактеристики што ги имаме во моментот со овие животни, се резултат на хибридниот потомок и неговата еволција во минатото.

Во статијата која што е објавена на порталот Macroevolution.net., тој објаснува дека научниците претпоставуваат дека шимпанзото е најблиското животно кое еволуциски е сродно со луѓето, но дека наспроти бројните генетски сличности, луѓето и шимпанзата имаат и голем број на разлики во анатомските карактеристики.

Мекарти ги наведува кожата без влакна, масното ткиво, светлите очи,  кои дефинитивно потекнуваат од свињите. Исто така, тој ја наведе и сличноста во структурата на кожата и органите, Навистина, свинската кожа и ткивото на срцевите залистоци се користат во експериментите во медицината, бидејќи постои голема сличност и компатибилност со човечкиот вид.

Докторот Мекарти вели дека првиот крмак (машка свиња) веројатно многу години живеел со шимпанзата, каде што мегусебно се пареле и репродуцирале,  а со секоја нова генерација потомците добивале повеќе особини од шимпанзата , отколку од свињите.

Со оваа теорија тој го негираше и верувањето дека сите хибриди се неплодни. Мекарти тврди дека хибридите не се стерилни и дека во многу случаи постојат хибридни животни кои се способни за репродукција.

Хипотезата на д-р Мекарти наиде на остри критики и од страна на биолозите и креационистите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1