porodaj-tata-1328585176-93673Трудницата, која има италијанско потекло, во Британија престојувала на стручна обука, тврди дека воопшто не и било кажано дека ќе и биде направен царски рез. Не постоела никаква опасност дека природното породување би било ризик по нејзиното и здравјето на бебето.

Социјалните работници тврдат дека делувале во најдобар интерес на детето, девојченце, кое денес има 15 месеци, и одбиваат да и го вратат на мајката, и покрај изјавите дека мајката целосно закрепнала.

„Во мојата 40 – годишна кариера никогаш не сум слушнал за вакво нешто. Можам да сфатам ако некој е многу болен и да не може да даде согласност за некоја процедура, но да се направи царски рез на сила, ова се уште не сум чул“, вели адвокатот на мајката, Брендан Флеминг.

Тој вели дека подобро решение би било ако англиската социјална служба ја известела социјалната служба на Италија и детето да го испрателе таму. Жената, чиешто име не е обелоденето од правни причини, наводно доживеала напад на паника додека престојувала во хотел, а нејзините роднини сметаат дека до нападот дошло бидејќи не земала од лекот за биполарно нарушување од кое страдала.

Случајот се претворил во меѓународна правна расправа, во која италијанскиот Виши суд го поставува прашањето дали британското законодавство било применувано во случајот со детето на италијанска државјанка. Откако мајката, минатата година, пет месеци по раѓањето на девојчето, е испратена во Италија, таа во февруари оваа година од Кралскиот суд во Челмсфорд барала да и се врати детето. Меѓутоа, и покрај изјавата дека продолжила редовно д аги пие лековите, судијата решил да не и го врати детето поради страв дека болеста кај неа може да се повтори.