За разлика од невидениот раст на затвореници во САД, Шведска оди во споротивен правец: има премногу затвореници и премалку осуденици. Поради ова државата одлучи да стави катанец на четири затвори и една притворска единица.
Причина за ваквата одлука не е недостаток на криминал. Всушност степенот на криминал во Шведска е во благ пораст. Поентата се крие во државната политика на рехабилитација на криминалците, а не нивно затворање. Затворската популација во оваа скандинавска земја само за година дена опадна за шест отсто, додека во САД федералните зарвори бележат 40 отсто повеќе затвореници од предвидениот капацитет на објектот.
Најчитаниот американски весни “Њујорк Тајмс” минатата недела ја нагласи разликата во системот на рехабилитација меѓу САД и Европа каде повеќет затворски казни се пократки од 12 месеци, додека во Америка тој просек е подолг од 3 години.
Новинарите од овој весник забележале уште една значителна разлика: во Европа за затворениците е предвидена поголема слобода на движење и подобри услови за да може на вистински начин да се вратат во општеството, бидејќи не е поентата само некој да се пикне зад решетки и да се фрли клучот.










