Еве како може да ви го пробијат Фејсбукот


Без оглед на тоа колку интернетот ви е интересен и корисен, секогаш постои опасност поради него да ве заболи главата. Таков е случајот и со популарната друштвена мрежа Фејсбук. Корисниците мораат да бидат внимателни за нивните лозинки да не бидат пробиени.

fejsbuk-1349247302-2151651. Phising

Најчестиот начин на пробивање на лозинката е користење на лажна верзија на страната (не се однесува само на Фејсбук, може да биде било која популарна страна) која бара логирање, односно внесување на е-маил и лозинка.

Откако корисникот ќе ги внеси своите податоци, лажната страна ги зачувува во датабаза.

2. Keylogging

Хакерот на компјутерот инсталира програма која го бележи секое притискање на тастатурата и во облик на запис му испраќа податоци. Откако ќе ги добие податоците, хакерот може лесно да го пронајде делот во кој е внесена лозинката.

3. Хакирање на примарниот маил

Ако ви е пробиен мејлот со кој сте го креирале акаунтот на Фејсбук, мошне лесно може да се ресетира вашата лозинка на Фејсбук, така што хакерот едноставно ќе кликне “Forgot password” и на меил ќе добие нова лозинка.

Постојат уште неколку начини кои се слични на горе наведените, но за да се одбраните од нив, најважно е да внимавате на страните кои ги посетувате, да не користите јавни компјутери за логирање на вашите профили и да бидете внимателни при конектирањето со странците кои бараат логирање преку Фејсбук.

Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1