Немале друг избор: За да го спасат девојчето од рак и вбризгале ХИВ (Видео)


Бидејќи малиот ангел по втор пат се соочува со оваа тешка болест, лекарите дошле до невообичаена идеја, – да и се вбризга ХИВ вирус за да и се спаси животот.Немајќи друг избор родителите на 6 годишната Ејми се согласиле на тоа.

Моравме да им објасниме на родителите дека оваа метода може и да не успее, но дека е последното нешто што ни преостана. Родителите ја сватија ситуацијата.

ema-foto-youtube-1386079816-407061Според лекарите клетките на ракот кои се повториле, не можело поинаку да се уништат. Докторите биле безпомошни, а родителите на Ејми се молеле за чудо. Тогаш чудо и се случило. Лекарите сметале дека бидејќи немаат што да изгубат, да се обидат со ХИВ вирус, бидејќи единствено тој е доволно јак да ги убие клетките од ракот.

– и вбризгавме ХИВ и чекавме ракот да биде буквално изеден, не можевме ништо друго освен да чекаме, изјавил лекарот на Ејми, др Џун

Но по вбризгувањето девојчето се чуствувало многу лошо – тешко дишела, имала грозница, пулсот и се успорил. и кога сите мислеле дека Ејми нема да преживее, се случило чудо. Организмот почнал сам да се бори против ракот. Грозницата исчезнала а девојчето се чуствувало одлично.

Ејми денес живее многу подобар живот, бидејќи ХИВ вирусот го контролираат со адекватна терапија, па за девојчето се предвидуваат уште многу среќни години и сметаат дека колку и да треба сега да се бори со сидата, секако вака ќе живее многу подолго отколку со карциномот кој би ја убил за само неколку месеци ако не го спречеле на овој начин.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1