Белградската полиција го уапсила Радован М. (25), кој е осомничен дека извршил свирепо убиство на старицата Драгица Р. (78), во нејзиниот стан во Земун, а со ограбените пари си направил свадба
Безживотното тело на Драгица, кое било со видливи повреди е пронајдено пред дваесет дена во нејзиниот стан.
Обдукцијата покажала дека таа била прво претепана, а потоа задавена. Во полициска истрага брзо било откриено дека убиецот е Радован, кој со жената се запознал додека ги шетале нивните кучиња во блискиот парк.
– Веројатно претпоставил дека жената има заштеда и отишол да и побара заем за да плати за свадбата, изјавил извор од истрагата за весникот „Вечерње новости“
Но таа одбила и потоа била физички нападната од момчето, кое на крајот ја задавил.
Злосторството не го спречило да направи по неколку денови свадба и тоа од парите кои ги украл од жртвата.