Неверојатно: Преживеал три дена на дното на морето во превртен брод (Видео)


Харисон Окене, единствен го преживеал потонувањето на бродот во ладното море кај Нигерија, минал три дена во темна и влажна просторија се додека нуркачите не го пронашле додека трагале по телата на неговите колеги.

hari– Околу мене имаше само врева и мрак. Плачев и му се молев на Исус да ме спаси. Бев многу гладен, жеден и ми беше многу ладно. Само се молев да видам малку светло – раскажал Окене.

По 60 часа минати во воздушна дупка со големина до 1,5 метар, која ја создал превртениот брод на длабочина од 30 метри, Окене бил пронајден жив.

Поради престојот во толку мала просторија вдишал смртоносна доза на азот, па срцето немало да му издржи доколку самиот се обидел да доплива до површината. Тој морал следните два дена да ги мине под надзор на лекари.

Во оваа трагедија загинале вкупно 11 членови на екипажот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1