Пожар ноќеска пламнал во џамијата Мурат-пашината џамија, лоцирана во центарот на Старата скопска чаршија.
Пожарот бил забележан од минувачи, кои веднаш ја алармирале полицијата и противпожарната бригада, чија брза интервенција резултирала верскиот објект да не изгори и да се запалат блиските продавници.
Од полицијата велат дека се истражува причината за пожарот, а материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.