Најмалку 200.000 луѓе се собраа денеска на централниот плоштад во Киев, на досега најмасовниот протест изминативе три недели, против одлуката на украинските власти за дистанцирање на земјата од ЕУ и приближување кон Русија.
Тие поставија огромен плакат со ликот на најголемиот опонент на Јанукович, бившата премиерка Јулија Тимошенко.
Тензиите кај демонстрантите нараснаа по завчерашната средба на Јанукович со рускиот претседател Путин за стратешко партнерство, на која наводно се договарала трговска унија со Русија.
Демонстрантите во Киев го урнаа споменикот на Ленин во центарот на градот. Тие успеаја да го симнат од постаментот со помош на јажиња.