Во Хаг докторите се сомневаат дека Воислав Шешељ има сериозни проблеми со здравјето.
Според српските медиуми, првите проценки на експертите покажуваат дека станува збор за рак на дебелото црево. Шешељ минатата година имал здравствени проблеми, кога му се слошило на едно судење.
Претставниците на српската радикална партија тогаш побараа хашкиот трибунал да му овозможи на тим од српски доктори да го посети и прегледа Шешељ.
Тој од почетокот на минатата година два пати бил хоспитализиран поради проблеми со здравјето, а на 12-ти јануари му бил вграден пејсмејкер.