Зоки Поки наполни 50 години


Итроштините на Зоки Поки прераскажани од македонската писателка Оливера Николова станаа најомилената лектира на најмладите, а генерациите со децении наназад ја читаат со несмален интерес.

zoki pokiВо Друштвото на писателите на Македонија вчера со промоција на тритомното издание на избраните дела за деца беше одбележан јубилејот 50 години од творештвото на истакнатата македонска писателка и исто толку од првото издание на култната книга “Зоки Поки”, која во меѓувреме е преведена на девет јазици.

Собраните дела за деца на Оливера Николова, подготвено од страна на Детска радост”, е организирано во три книги. Во првиот том од ова издание покрај Зоки Поки се наоѓаат и “Тажниот весел Владимир”, “Пријателите на Бон и Бона” и “Мојот звук”. Девојките на Марко” и Бели стапалки” се дел од вториот том, додека во третиот том ги читаме романите Преминот не е осветлен” и Светлосна година”.

Авторката,  посочи дека издавачите треба да и дадат шанса на детската литература и на сите писатели за деца со цел да се привлечат нови генерации читатели.

Оливера Николова е добитник на врвните книжевни награди “Рациново признание”, “Стале Попов” и “Роман на годината”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1