Српските пејачки тепани од своите партнери


На српската естрада постојано разни случаи со се­меј­но на­сил­ство ја брануваат јавноста, последна е ко­га пе­ја­чот Адил Мак­су­то­виќ ја прете­па сво­ја­та соп­ру­га Ана, ќер­ка на поз­на­ти­от фол­кер Џеј Ра­ма­да­нов­ски, ко­ја се по­ро­ди пред два ме­сеца што пре­диз­ви­ка ла­ви­на не­га­тив­ни ре­ак­ции и осу­ди во јав­носта, пре­не­су­ва­ат срп­ски­те ме­ди­уми. 

Се­пак, овој гро­зо­мо­рен чин на на­сил­ство не е единствен на бал­кан­ска­та ес­трада. Кон­тро­вер­з­на­та фол­кер­ка Вес­на Ву­ке­лиќ – Вен­ди сво­ев­ре­ме­но би­ла прете­пу­ва­на од сво­е­то по­ра­неш­но момче, ак­тер­ка­та Ти­ја­на Ву­че­тиќ, ко­ја се просла­ви по уло­га­та на Пет­рој­ка од се­ри­ја­та „Се­ло гори, ба­ба се чешла“, приз­на­ла де­ка соп­ру­гот „ја уби­вал од те­пање“ до­де­ка би­ла бре­мена, до­дека, пак, на пе­јач­ка­та Гоца Тржан пред не­кол­ку го­ди­ни ѝ пук­на­ло ушно­то та­пан­че от­ка­ко неј­зи­ни­от пар­тнер ја уди­рал со ту­па­ници.

Maja-Marijana-uplakana

Ед­на од нај­поз­на­ти­те при­каз­ни е онаа на фол­кер­ка­та Ма­ја Ма­ри­јана, ко­ја би­ла див­јач­ки прете­па­на од сво­јот не­вен­чан соп­руг Мла­ден Шма­киќ, по што зав­рши­ла во бол­ница, а ка­ко што из­ја­ви­ле неј­зи­ни при­ја­тели, таа чес­то пре­жи­ву­ва­ла вак­ви на­сил­ни сцени.

Во по­след­ни­те го­ди­ни од бра­кот на етно-пе­јач­ка­та Би­ља Кр­стиќ и Ти­хо­мир Ар­сиќ, во јав­нос­та чес­то кру­же­ле при­каз­ни де­ка тој чес­то пи­ел и де­ка во ал­ко­хо­ли­зи­ра­на сос­тој­ба ја те­пал сво­ја­та соп­руга. Овие гла­си­ни за­чес­ти­ле от­ка­ко Кр­стиќ во јав­ност се по­ја­ви­ла со го­ле­ма мод­рин­ка на окото.

Пе­јач­ка­та Гоца Тржан не­о­дам­на про­го­во­ри за се­меј­но­то на­сил­ство. И таа е уш­те ед­на во ни­зата, ко­ја трпе­ла мал­тре­ти­ра­ње од емо­тив­ни­от пар­тнер со кој се за­ба­ву­ва­ла пред да го за­поз­нае се­га ве­ќе по­ра­неш­ни­от соп­руг Иван Ма­рин­ко­виќ.

Тржан јав­но апе­ли­ра­ше до же­ни­те де­ка не тре­ба да го пре­мол­чу­ва­ат на­сил­ството.

– Прв­пат ко­га го нап­ра­ви тоа, не го ос­тавив, но ко­га се пов­то­ри на­сил­ството, то­гаш мо­рав да го ос­та­вам. Ме уд­ри и ми го про­би ушно­то та­панче. Не са­кам да се се­ќа­вам на тоа, но доб­ро е да се знае де­ка так­ви ра­бо­ти се слу­чу­ва­ат и не тре­ба да се мол­чи за нив – из­ја­ви­ла Гоца.

nasilstvo

Кон­тро­вер­з­на­та Вен­ди от­во­ре­но збо­ру­ва за го­ле­ми­те љу­бо­ви во неј­зи­ни­от жи­вот кои ја зло­у­пот­ре­бу­вале:

– Мис­лам де­ка на се­ко­ја де­вој­ка мо­же да ѝ се слу­чи да пог­ре­ши и да би­де со не­кој што ја мал­тре­тира. То­гаш имав 21 го­ди­на и се за­ба­ву­вав со мом­че што ме мал­тре­ти­раше. За среќа, не бев тол­ку прете­па­на за да имам мод­рин­ки и скрше­ници. Но, не му ос­та­нав должна, па и јас му воз­вра­тив во ис­та мера. Се­кој­пат ко­га мис­лев де­ка ќе би­де по­добро, са­мо се за­ла­жу­вав. Го са­кав, но мо­рав да го на­пуш­там – рас­ка­жа­ла Венди.

Во сво­јот нов до­ку­мен­та­рец „Испо­вед“, во кој приз­на де­ка е лез­бијка, срп­ска­та пе­јач­ка Ма­ри­ја Ше­ри­фо­виќ збо­ру­ва за сво­јот проб­ле­ма­ти­чен тат­ко ал­ко­хо­ли­чар, кој чес­то ја те­пал неј­зи­на­та мај­ка Ве­ри­ца Ше­ри­фо­виќ. Са­ма­та Ве­ри­ца приз­на­ла де­ка тол­ку би­ла прете­пу­вана, што со мод­рин­ки и хе­ма­то­ми ис­тр­чу­ва­ла на ули­ца и по­ви­ку­ва­ла по­ли­ција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1