Вработена е во Драмски театар, а моментално игра во две претстави кои се на редовниот репертоар: „Солунски патрдии“ и „Македонска крвава свадба“. Катерина Шехтанска -Лаковски, понато лице од малите екрани, мајка на две прекрасни дечиња полека но сугурно се враќа на сцената и тоа со неколку ангажмани.
Покрај ангажманот во матичниот театар таа е и актер-гостин во театар „Комедија“ во претставата „За секого има по една“, на авторот Венко Андоновски, а во режија на Владлен Александров.
Што се однесува до мојата желба во однос на глумата, морам да признам дека посакувам да бидам поангажирана. Моја најголема желба е да заиграм на големото платно тука во Македонија, вели Кате
Катерина, деновиве e окупирана со еден сосема нов ангажман кој не е врзан со нејзината примарна професија – актерството. Таа стана заштитно лице на „Аутомакедонија“
Дали ќе се врати на малите екрани вели – Доколку сега би почнувала некој проект, би сакала тоа да биде нешто сосема ново и освежувачко, а не концепт од типот на ток-шоу. Сметам дека тоа е изгустирано, а и гостите се бројат на прсти, па публиката брзо се заситува.