На денешен ден е роден Нострадамус: Еве што не чека според неговите пророштва


Мишел де Нотрдам (14 декември 1503 или 21 декември – 2 јули 1566) или попознат како Нострадамус бил француски аптекар и почитуван јасновидец, кој отпечатил колекција на пророштва, кои брзо станале познати во светот. Најпознат е по неговите „Пророштва“ (Les Propheties), првото издание кое се појавило во 1555 година.

Во 1555 година, на 52-годишна возраст, Нострадамус ја објавува својата прва книга центурии. Печатена е во Лион под наслов „Пророштвата на мајсторот Мишел Нострадамус“. Веднаш по излегување оваа книга доживеала голем успех. Во дворецот на Хенрих II не се зборувало за ништо друго освен за пророкот од Провенса. Сите сакале да се запознаат со него, но најзначајна била поканата од кралот Хенрих II и Катерина Медичи, со која станале големи пријатели.

Алманахот и книгите кои ги пишувал Нострадамус доживеале таков успех, што почнале да се издаваат секакви книги под негово име. Настанала таква збрка, поради која Нострадамус бил огорчен. Се затворил дома, не примал никого, и во 1558 година го издал второто проширено издание на своите центурии, кое го посветил на кралот Хенрих II.

Светскиот авторитет за пророштвото и Нострадамус, Џон Хју излезе во јавноста со свои видувања за забрзаниот тек на настани, за кои тој мисли дека укажуваат на почеток на нова светска војна.

Тоа е периодот кога Сатурн и Марс се подеднакво жешки, воздухот е сув, почестиот број на комети кои минуваат покрај земјата, честите пожари, топли ветрови, текот на војните и рациите низ целиот свет.

„И двете планети и Сатурн и Марс, во моментов астролошки прикажано се наоѓаат во знакот на Лав и во моментов нашата планета е под интезивен топлотен бран“ вели Џон.

Светската војна како што ја гледа тој, е различна од претходните светски војни.

Таа е подолга за разлика од претходните и трае речиси повеќе од 30 години. Таа е како експлозивен блесок кој на моменти згаснува, но потоа наеднаш повторно се појавува.

Во една книга напишана од заменик секретарот за одбрана на Америка, Џед Бабино има напишано, „Четвртата светска војна ќе биде терористичка војна, додека војната со Кина ќе биде Петта“.

Во крати црти следат мрачните предвидувања на Нострадамус за наредниве 1500 години:

2014 – Поголемиот дел од луѓето ќе страдаат од чирови, рак на кожата и други кожни болести (последици од хемискатвојна)

2016 – Европа ќе биде речиси без население

2018 – Кина ќе стане нова светска велесила. Земјите во развој од експлоатирани ќе се претворат во експлоататори.

2023 – Малку ќе се измени орбитата на Земјата.

2025 – Европа се уште ќе биде малку населена.

2028 – Ќе се создаде нов извор на енергија (најверојатно ова ќе биде контролирана термонуклеарна фузија). Гладот постепено ќе се надмине. Ќе стартува вселенски брод кон Венера управуван од човек.

nostra32033 – Поларните луѓе тонат. Се зголемува нивото на Светските океани.

2043 – Светската економија ќе процвета. Европа ја водат муслиманите.

2046 – Ќе може да се пресадуваат сите органи. Замената на органите ќе стане еден од најдобрите методи на лечење.

2066 – За време на нападот на муслиманскиот Рим, САД применуваат нов вид на оружје – климатско. Нагло застудува.

2076 – Блескаво општество (комунизам)

2084 – Обновување на природата

2088 – Нова болест – стареење за неколку секунди!!!

2097 – Брзото стареење е победено.

2100 – Вештачко “Сонце” ќе ја осветлува темната страна на Земјата.

2111 – Луѓето ќе станат киборзи (живи роботи)

2123 – Војни меѓу мали области. Државите нема да се вмешаат.

2125 – Во Унгарија ќе пристигнат сигнали од вселената

2130 – Колонии под вода
nostrada 22164 – Животните се претвараат во полулуѓе

2167 – Нова религија.

2170 – Голема суша.

2183 – Колонијата на Марс ќе стане нуклеарна сила и ќе побара независност од Земјата (како на времето САД од Англија)

2187 – Ќе се запре ерупцијата на 2 големи вулкани.

2195 – Морските колонии целосно ќе снабдуваат и со енергија и со храна.

2196 – Целосно мешање на азијатите и европејците.

2201 – Термонуклеарниот процес на сонцето забавува. Ќе застуди.

2221 – Во потрага по вонземјани, човештвото стапува во контакт со нешто ужасно.

2256 – Вселенски брод ќе донесе на земјата нова страшна болест.

2262 – Постепено се менуваат орбитите на планетите. На Марс му се заканува комета.

2271 – Повторно ќе бидат изменети физичките “константи”

2273 – Мешање на жолтата, белата и црната раса. Нови раси.

2279 – “Енергија од ништо” (веројатно од вакуум или од “црните дупки”)

nostradamus2288 – Патување во времето. Нови контакти со вонземјани.

2291 – Сонцето се гаси. Ќе се преземат обиди за да се запали пак.

2296 – Се изменува силата на тежата. Почнуваат да паѓаат старите вселенски бродови и станици.

2299 – Во Франција – партизанско движење против исламот.

2302 – Ќе бидат откриени нови важни закони и тајни на Вселената.

2304 – Ќе биде откриена е тајната на месечината

2341 – Нешто страшно се приближува кон од вселената кон Земјата.

2354 – Хаварија од едно од вештачките Сонца доведува до суша.

2370 – Голем глад

2378 – Нова раса што брзо се развива.

2480 – Ќе има 2 вештачки Сонца. Земјата е во самрак.

3005 – Војна на Марс. Ќе се наруши траекторијата на планетите.

3797 – Во ова време на земјата ќе загине сé живо, но човештвото ќе најде сили за нов живот во друг ѕвезден систем.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1