Жител на Бугарија ги дал последните пари за да ја сруши куќата во која живеел со своето семејство. Куќата била под хипотека а семејството немало пари да го плаќа кредитот.
Земјиштето под куќата не било под хипотека, па семејството решило да ја откорне куќата и да и ја даде на банката во урнатини!
Бугарин ги потрошил последните пари да ја урне куќата во која живеел со семејството. Урнатините ги собрале во камион и отишле во градот Тетевен, пред банката. На целата мака решиле малку да се пошегуваат со банкарите. Таткото глумел дека моли да не му ја земаат куќата и да направат исклучок, да го почекаат да плати кога ќе има.
Но директорот на банката категорично изјавил дека нема да прави исклучок за никого. На ова Бугаринот извикал: Зете, истоварај! не даваат исклучок! Зетот, кој бил камионџија, ги истоварил урнатините од куќата пред банката и засвирел на сирената да го поздрави директорот!