Останав без работа, само сакав да се спасам од тешкотиите – сведоштва за обиди за самоубиства


„Темница. Се будам. Десет дена сум во невиден кошмар. Во главата ми се врти само мислата како да се спасам од тешкотиите, од безизлезот, откако останав без работа, а на фирмата во која работев со децении и ставија катанец. Сакам да побегнам од овој свет, некако да се спасам. Постојано правам план како да си го одземам животот. Се’ понемирен сум кога треба да го извршам чинот. Но, повеќе не можам да издржам, не можам да живеам во неизвесност.

samoubistvoНоќва ќе си пресудам. Не, не го одложувам самоубиството. По три ноќи веќе сум похрабар. Станувам и на жената тивко и велам : ’Збогум, заминувам за секогаш, без да се вратам! Чувај ги децата и не тагувај за мене’. Дали ме слушна незнам. Се извлеков од креветот и отидов во трпезаријта. Ножот беше на масата. Го зедов и со двете раце го забодев во стомакот. Крикнав од болка. Се струполив на подот и на ништо повеќе не се сеќавам.

Дојдов на свест легнат на кревет во болница. Не бев свесен што ми се случило. Дали сонувам или не! Пак продолжив да спијам. Визитата на лекарскиот тим ме пробуди. Ме прашаа како се чувствувам и толку“.

Оваа тажна животна приказна заведена во лекарскиот дневник на доктор Мирче Србиновски, психијатар во гостиварската болница ретко ќе остави некого рамнодушен. Настанот се случил пред десеттина години. Човекот кој побарал лекарска помош за да се избави од безизлезната ситуација, се’ уште редовно доаѓа на контроли, под медицински надзор е и прима терапија. Но, според неговиот лекар најважно е што се чувствува добро, повеќе не доаѓа во ситуација да си го одземе животот, а неговото семејството му посветува посебна грижа и е постојано покрај него.

 Последните децении транзицијата со сите потреси и несигурности, големиот број на невработени или останати без работа, се причина за депресивни размислувања. Покрај овие фактори имаат влијание зголемена употреба на алкохол, дроги и преголеми желби на младите за покомотен живот, кој родителите не можат да им го обезбедат.

Целата сторија на – Утрински весник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1