Екс разузнавачот Слободан Богоевски доби 2 години затвор за перење пари во случајот „Агент“ поврзан со земјиштето кај базенот во Карпош.
Ваква казна доби и скопскиот адвокат Пешликовски, а првообвинетиот Васко Томановиќ кој исто така е адвокат доби 3 годишна затворска казна. На Словенецот Митја Валиќ кому му се судеше во отсуство како претставник на фирмата „Меркатор“ Кривичниот суд му даде 2 години затвор.Судењето за „Агент“ траеше два месеца. Шесттемина обвинети се товареа дека преку фиктивни договори и фиктивни фирми ќерки на кипарски „Централ балкан инвестмент“ и словенечки „Меркатор“ переле пари. Тие го негираа обвинението и тврдеа дека со договорот за купопродажба на земјиштето во Карпош ја спасиле Македонија од тужба пред арбитражен суд бидејќи продала земјиште што било за денационализација.









