Петмина повредени во сообраќајка во Драчево


soobrakajka - brza pomosНа локалниот пат Долно Лисиче-Драчево во близина на железнички премин околу 21 часот дошло до страотна сообраќајна незгода кога автомобил марка „лада самара“ удрил во бандера.

Според податоците, со автомобилот управувал 29-годишниот Ф.М, а во него се наоѓале и 26-годишниот И.М. 41-годишниот А.С. 36-годишниот Н.С. и 20-годишниот Д.М. кои се роднини.

Сите пет лица се здобиле со повреди во несреќата и се пренесени  во ГОБ „Наум Охридски“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1