apsenje bogoevskiВаква казна доби и скопскиот адвокат Пешликовски, а првообвинетиот  Васко Томановиќ кој исто така е адвокат доби 3 годишна затворска казна. На Словенецот Митја Валиќ кому му се судеше во отсуство како претставник на фирмата „Меркатор“ Кривичниот суд му даде 2 години затвор.
Последните двајца обвинети кои се товареа дека биле управители на скопските фирми добија условни казни.  Со пресудата е изречена и конфискација во износ од речиси еден милион евра – сума за која според обвинението се стекнале со имотна корист.
Одбраната незадоволна од казните, најави жалба пред Апелација.

Судењето за „Агент“ траеше два месеца. Шесттемина обвинети се товареа дека преку фиктивни договори и фиктивни фирми ќерки на кипарски „Централ балкан инвестмент“ и словенечки „Меркатор“ переле пари.  Тие го негираа обвинението и тврдеа дека со договорот за купопродажба на земјиштето во Карпош ја спасиле Македонија од тужба пред арбитражен суд бидејќи продала земјиште што било за денационализација.