На неколку раскрсници во центарот на градот се поставени кутии со бесплатни медицински маски за потребите на граѓаните. На нив пишува „Дишењето во Скопје е штетно за вашето здравје“ и се препорачува маските да се користат за полесно дишење, пишува Плус Инфо.
Вакви кутии ќе се појават на уште неколку прометни места во центарот на Скопје. Во моментов ги има на семафорите кај Архитектонски факултет, на автобуската постојка во близина на Соборен храм, како и на автобуската постојка кај Рекорд.
Останува апелот на Град Скопје да не се проветруваат затворени простории, а децата, бремените жени, хронично болните и постарите луѓе да не изегуваат од дома ако немаат потреба.
Последните мерења од утринава покажуваат високи концентрации во сите општини во Скопје, од 90 до 180 микрограми на метар квадратен, со што загаденоста и понатаму се движи над дозволеното ниво.
Плус Инфо