И Кинзите слетаа на месечината – се развеа кинеското знаме (ВИДЕО)


Центарот за управување со вселенските летови во Пекинг соопшти дека кинеското вселенско летало „Чанге-3“  слета на површината на Месечината. Ова е прво слетување на летало на сателитот на земјата по пауза од 37 години. Кина стана третата земја по поранешниот Советски сојуз и САД, којашто изведува така наречено меко спуштање со лунарно возило на површината на Месечината.

China-Moon-MissionКинеската академија на науки соопшти дека слетувањето било најтешкиот дел од мисијата, а претставникот на Европската вселенска агенција (ЕСА) Карл Бергквиц изјавил дека најголемиот предизвик било да се пронајде рамна површина за слетување.

kinezi na mesec

Во составот на леталото е вселенскиот модул и првиот кинески месечев „шетач“ со име “Јујту” или “Зајак од жад“,  кој е тежок околу 100 килограми.  Називот на кинеската мисија е од името на древната кинеска божица на Месечината. Сондата Чанге 3, именувана по месечевата божица во традиционалната кинеска митологија, со себе го носи роверот „Јуту“, со кој планира да извршува геолошки истражувања

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1