19 градежни фирми не ги почитуваат Владините одредби за заштита на вработените од штетните влијанија од воздухот. Трудовите инспектори денеска излегоа на терен.
Во Скопје,Битола,Кичево и Тетово само 6 компании водат сметка за здравјето на вработените.
За компаниите и внатрешните одговорни лица кои не ги почитуваат одредбите предвидена е остра парична казна,а во краен случај може да добијат и забрана за вршење на дејноста.
Инспекторатот деновиве ќе врши уште позасилени контроли,кои ќе ги опфатат претприемачите од сите производствени области.