Пожар во зграда во Тетово – станарите биле заробени внатре – меѓу нив и деца и бебиња (Видео)


Пожар во станбена зграда од седум ката избувна во средата во тетово, при што биле зафатени повисоките катови, соопшти Дирекцијата заштита и спасување.

1c1299b8-59f3-4d08-9e20-c187ecc41322Дирекцијата за заштита и спасување обезбеди заштитни маски за жителите во опожарениот објект, а во гасење на пожарот се ангажирани пожарникари од Тетово, Гостивар и противпожарната бригада од Скопје со комплетна екипа и со скала за спасување на луѓето од повисоките катови.

На местото на пожарот се ангажирани и градежни машини, како и возила со корпи за спуштање на луѓето.

Горат станови и подруми, а чадот се шири нагоре оневозможувајќи ги жителите да излезат од зградата. Противпожарни екипи со кранови ги спасуваат жителите, меѓу кои има деца и бебиња.

pozaaaarСпоред првичните сознанија, повредени се двајца пожарникари, а неколку жители на зградата со амбулантни возила се пренесени во болница поради задушување од чад.

Сите станари од опожарената зграда биле примени во болницата во Тетово а дел од нив веќе се пуштени дома.

Со потешко задушување во болница се задржани двајца пожарникари и пет станари од опожарената зграда, меѓу кои и три деца.

Според првичните информации пожарот е локализаран, но од зградата и натаму излегува чад.

Видео: Тетовасот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1