vakcina04-500x306– Кај нас се упатуваат пациенти со реакции од типот на покачена температура, вознемиреност, малаксаност, долготрајно плачење, грчеви, а можни се и алергични реакции или знаци за инфекција.

Мислењето што го добиваат пациентите е важно, бидејќи од тоа зависи дали ќе се продолжи со имунизацијата, велат од детската клиника, во писменото соопштение.

Во врска со шпекулациите околу безбедноста на вакцината против морбили, лекарите од Детската клиника во Скопје, сметаат дека интерпретацијата на  медицинските и немедицинските информации од страна на нестручни и медицински необразовани лица доведуваат до оправдана забуна, сомнеж и страв кај родителите, што пак е закана за целокупниот стратегиски план за заштита, уривање на системот за создавање колективен имунитет и неможност за искоренување на соодветната болест на државно, но и на глобално ниво.