Шверцот со цигари во Македонија го организирала српската војска?


Воено разузнавачките служби на Сојузната Република Југославија, а не Станко Суботиќ, стоеле зад фантомската фирма „Суксес“ која во деведесеттите години шверцувале цигари од Македонија во Србија, пишува во документите кои стигнале до Специјалниот суд во Белград, објави денеска српски „Курир“

stanko-subotic-cane-1387402381-414447-300x202Документите на македонски јазик, кои биле преведени на српски, до Специјалниот суд ги доставил Ј. Р., кој во весникот се споменува како ликвидациски управник на фирмата „Македонија табак“. Во еден од документите, со дата 18 јануари 1996 година, пишува дека била донесена одлука за соработка на „Македонија табак“ со Војската на Србија преку фирмата „Суксес“.

Со истиот документ биле и договорени начините на плаќање и било назначено дека треба да се прави во готово. Во обвинението се наведува дека сопственик на фирмата „Сасекс“ бил Цане Суботиќ.

Заменикот на специјалниот обвинител Саша Иваниќ изразил сомневање за веродостојноста на доставената документација до судот, во кој се води процесот за шверц на цигари во деведесеттите години од минатиот век, со кој државата Србија била оштетена со 28 милиони евра и шест милиони американски долари, пишува „Курир“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1