Мирела Микулчиќ, мајката на трите деца кои пред два дена изгореа во пожарот, заклучени во семејна куќа, е уапсена, веднаш откако децата биле погребани.
– Ништо пострашно во животот не сум видел – изјавил сосед на несреќното семејство, Зоран Милиќевиќ, кој со пожарникарите влегол во запалената куќа.
-Ги баравме малечките прво во собата во која беше печката на која се грееја. Никаде ги немаше. Кога го кренавме креветот, под душеците најдовме тоа што остана од нив – изјавил Милиќевиќ.