Девојка која ја победи смртта


Бетани Пирсон од местото Вајоминг во американската сојузна држава Минесота беше одлична ученичка и омилена меѓу нејзините професори и врсници од средношколските клупи.
545678Но, пред осум години, тогаш 16-годишната Бетани имаше тешка сообраќајна несреќа удирајќи во камион со автомобилот што го управала. При несреќата загинала нејзината сестра, а Бетани се здобила со сериозни повреди на черепот.
Лекарите процениле дека има мали шанси да преживее, но сепак решиле да ја подложат на операција на главата која траела цели 16 часа. И по операцијата лекарите не биле оптимисти околу нејзините шанси да остане жива.
Сепак, денес, осум години по несреќата 23-годишната Бетани е жива и се уште работи на остварување на своите соништа. Во меѓувреме заршила факултет и сега е вработена како портпарол.
Лекарите тврдат дека нејзинито опоравување претставува вистинско чудо, имајќи ја предвид сериозноста на повредите на нејзината глава. По операцијата Бетани останала во болница 72 дена, по што опоравувањето го продолжила во својот дом.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1