Ова е жената за која е напишана „Lutka sa naslovne strane“ на Рибја Чорба (Видео/Фото)


Една од најпознатите балади на групата Рибја чорба, „Кукла од насловна страна“, посветена е на Мери Цакиќ.

meri lutka-Таа 1978 година, Бора говореше дека сум најубавата девојка и дека сум права кукла. Мислам дека имало уште убави девојки, но за него тоа бев јас- вели Мери, белградската старлета од седумдесетите години.

Кога го прашала зошто токму неа ја одбрал да игра на сцена со бендот, Мери вели Бора и кажал дека освен што е убава има нешто и во главата.

-Градот е суров, се може да ве дочека, и алкохол и дрога, но јас се отргнав од сето тоа. Многу ѕверови имаше тогаш во Белград, така настанаа стиховите- „брзо ќе те изедат велеградските ѕверови“- додава Мери.

Бора беше патолошки вљубен во мене отсекогаш, но не смееше поради жената јавно да каже и тоа е негов проблем, Кога беше во војска ми испраќаше куп писма , но никогаш не ми ни падна на памет да го посетам, но писмата се уште ги чувам, вели некогашната старлета која е една од првите кои на неговите концерти играла на бината по долен веш уште во тоа време а танцовата група со која настапувала се викала ,,рибетине“.
meri lutka 2Мери не говори многу убаво за Чорба – вели бил провинцијалски рокер на кого сакала да му помогне, но всушност за него еднаш има кажано дека е џукела. Вели дека била сведок на настанувањето на неколку песни и ја знае нивната позадина
„ Девојката го остави и тоа без никаков повод и му кажа само кратко – си заминувам. А таа побегна со братот на Горан Бреговиќ. Така настана песната “Ostani đubre do kraja”. Трчаше и по Маја Оџаклиевска но таа многу брзо го шутна. Неговите обиди да го имитира Мик Џегер или Џо Кокер се едноставно смешни – па тој едвај го преживеа концертот по повод 20 годишнината од Рибља Чорба не може ни да се мери во мислите со овие два великани, додава Мери
На тоа дека бил вљубен во неа Бора одговара – ма дајте тоа не беше вистина ни тогаш ни сега, излезе по долен веш на нашиот концерт и тоа е тоа. Беше слободна и се декларираше како прв српски нудиста. Освен што глумеше во спотот нема никаква друга врска со песната, вели Бора.
Еве како Мери изгледала тогаш и на нивниот концерт по повод 20 годишнината, подолу и видео спотот за Лутка на кој таа настапува
mary_cakicmary_cakic_02

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1