Гинисовата книга на Божикни рекорди


Најголема колекција на спомени поврзани со Дедо Мраз

bozic1Канаѓанецот Жан Геј Лекер има дури 25.104 предмети поврзани со Дедо Мраз, рекорд кој во Гинисовата книга на рекорди го смести во ноември 2010 година. Предметите ги собирал од 1988 година, а во неговата колекција има 2.360 фигури, 2.846 честитки и разгледници од 33 земји, 1.312 салвети и 241 значки или брошеви.

Најголемото пловечко божикно дрвце
За Божик 2007 година заплови 85 метри високото „дрвце“. Тоа беше пуштено во рамките на традиционалниот настан, кој секоја година се одржува во заливот Лагоа Родриго де Фреитас.

Најскапото божикно дрвце
Иако многумина тврдат дека божикното дрвце накитено во Абу Даби во 2010 година (11 милиони долари) е најскапото во светот, тоа не е вистина. Пет милиони поскапо е она кое во 202 година беше накитено во еден токиски клуб, а украсено со накит во вредност од 16 милиони долари.

Најпродаван божикен сингл
Иако многумина би помислиле дека се работи за „All I Want for Christmas“ или „Last Christmas“, најпродаван сингл имаше Бинг Крозби „White Christmas“ кој од 1942 година е продаден во повеќе од 100 милиони примероци. Воедно станува збор и за најдобро продаван сингл воопшто.

Филм со најдобро божикно отворање
Иако тематски воопшто нема врска со празниците, најдобро божикно отворање има „Шерлок Холмс“ на Гај Ричи, кој во петокот 25 декември 2009 година заработи рекордни 24,9 милиони долари.

Најстаро божикно дрвце
Секоја година околу Божик, Џенет Паркер од Вилтшајр во Англија го вади дрвцето, кое во 1886 година, веројатно во Валвортс, го купила нејзината пратетка. Високо е само 30 сантиметри, а украсено е со ангели и со Дева Марија.

Најголема божикна чорапа
Триесет и два метри долга и 15 метри широка чорапа во 2007 година со подароци беше наполнета од здружението „Чилдрен Сосајати“.

Најмногу божикни синглови
Легендарните Битлси имаат дури четири божикни хит синглови на британските топ листи, а тие се „I Wanna Hold Your Hand“ (12 декември 1963), „I Fell Fine“ (10 декември 1964) „Day Tripper/We Can Work it Out“(16 декември 1965) и „Hello Goodbye“ (6 декември 1967).

Најмногу последователни божикни хит синглови
Оваа титула и припаѓа на женската група Spice Girls, која имаше три последователни божикни хитови, кои завршија на првото место. Девојките ова место го делат со Битлси, а нивните хитови се: „2 Become 1“ (1996) „Too Much“(1997) и  „Goodbye“ (1998).

Божикен филм со најголема заработувачка
Со буџет од 123 милиони долари, „Како Гринч го украде Божик“ со Џим Кери во главната улога, заработи 340 милиони долари и така стана божикен филм со најголема заработувачка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1