Шумахер се бори за живот: По операцијата е во кома поради крварење на мозокот


Седумкратниот светски шампион во Формула 1 Михаел Шумахер, кој доживеал незгода на скијање во Франција, кога со главата удрил во карпа, претрпел посериозни повреди и според најновите информации се наоѓа во критична состојба.

165242-sumaherШумахер ја повредил главата во скијалиштето Мерибел, откако удрил со главата во карпа, но носел кацига, поради што ударот бил ублажен.

Тој веднаш потоа бил пренесен со хеликоптер во болница во Гренобл, каде му била извршена операција поради крварење во мозокот.
Според најновите информации, кои италијанскиот новинар Танкреди Палмери ги пренел на Твитер, Шумахер по оперативниот зафат е во кома и се наоѓа во критична состојба.

Во Гренобл дошол и невролог од Париз за да ја прегледа легендата на Ф1, а пред болницата се собрале десетина обожаватели на Шуми за да му пружат поддршка.

sumaherПолицијата ја истражува причината за несреќата, а медиумите пренеле дека Шумахер скијал надвор од стазата со својот 14-годишен син.

Неговата сопруга и двете деца дошле во болницата, а според најновите информации објавени околу 22:30, потврдено е дека е во критична состојба, а тоа го пренеле и најголемите светски медиуми.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1