Видео: Го донирал својот црн дроб за да ја спаси ќеркичката


Татко на 5-месечно девојче кое поради вродена тешка болест и била потребна трансплатација на црниот дроб бил на ригорозна исхрана и драстично изгубил тежина, за да може да го донира сопствениот. Како резултат на тоа, таа сега не само што ужива во неговата насмевка, туку е поврзана со својот татко на посебен начин.

tatoПатот до целта, сепак не бил лесен. Иако го години не видел теретана, 35 -годишниот татко морал многу да слаби за ризикот од трансплантацијата да се сведе на минимум. Трчал и по 32 километри, имајќи една мисла во умот: како да ја спаси својата болна ќерка.

И успеал во тоа. Напорното вежбање во комбинација со здрава исхрана се исплатело. Состојабата на бебето била се полоша, но од 95 килограми стигнал до 76 и бил целосно физички подготвен да се подложи на комплицираната медицинска постапка.

Операцијата минала добро, на девојчето прво му е отстранета една третина од црниот дроб, по што и е  трансплантиран органот од татко и. Денес, по неколку месеци закрепнување, детето се вратило дома.

„Прекрасно е што е повторно со мене“, изјавил таткото, кој одлучил да ја раскаже својата приказна за да ги охрабри луѓето да бидат донатори на органи.

video platformvideo managementvideo solutionsvideo player

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1