Бранови поголеми од осум метри пристигнале на југозападниот брег на Велика Британија, а целата територија на земјата е погодена од силни ветрови и дожд
Најсилни бранови биле на најистурениот дел на островот -Лендс Енд.
Во Велс, поради пристигнување на високи бранови од плимата, биле евакуирани крајбрежните населби. Британската метеоролошка служба предупредува на ветрови со брзина со 113 километри на час и на високи бранови на брегот кај Велс, југозападна Англија и Северна Ирска.